Кога пред неколку години Маск ја најави својата нова компанија Boring Company, која се занимава со дупчење на подземни тунели со кои ќе ги расторави патиштата, многумина мислеа дека се шегува. Но, Маск не се шегуваше и набрзо почна со копање на тунел под Лос Анџелес. Освен таму, неговите тунели се интересни и за челниците на округот Сан Бернандино во Калифорнија, со кој сакаат да го поврзат градот Ранчо Кукамонга со аеродромот Онтарио.
Челниците досега размислувале за надземна железница, но неодамна ги изгласаа тунелите на Boring Company. Во однос на железницата, изградбата на тунелот ќе биде евтина и брза. Според информациите на властите во округот, тунелот треба да биде долг 4,5 км, а брзината на возење во него околу 200 км/ч, при што патувањето би требало да трае од 1,5 до 2 минути.
Но, она што е посебно интересно е видот на возила со кои ќе се превезуваат патниците. Првичниот предлог беше да бидат специјално дизајнирани автомобили на Teslа, но според најновите информации Boring Company соработува со Teslа на развој на комбија во кои ќе може да се сместат 12 луѓе со багаж, а капацитетот ќе биде 1.200 луѓе дневно.
Системот на Маск во Лос Анџелес би требало да профункционира идната година. Што се однесува на проектот во Сан Бернандино, неговата цена треба да биде од 45 до 60 милиони долари, додека проценетата цена на железницата е од 1 до 1,5 милијарди долари. Тунелот таму би бил готов за 3-4 години, додека изградбата на железницата би траела дури 10 години.
(Zimo)
(фото: The Boring Company)