Илон Маск е спремен за нова историска мисија

- Advertisement -

Нема одмор за SpaceX и за Илон Маск. После успешното лансирање на двајца американски астронаути до Меѓународната вселенска станица кон крајот на минатиот месец, неколку дена подоцна SpaceX лансираше нова ракета со сателити Starlink, а за денес беше планирана уште една мисија и испраќање нови 58 сателити во вселената.

Тоа ќе биде деветто лансирање на ракетата Falcon 9 и вкупно деветто лансирање на сателити Starlink. Со тоа Маск е се поблиску до својата цел – поставување доволно сателити во вселената за обезбедување интернет-конекција за луѓето на Земјата.

- Advertisement -

Планот е да се понуди таа услуга веќе кон крајот на оваа година во САД, а како што ќе се зголемува бројот на сателити, со тек на време сателитите Starlink треба да обезбедат целосна покриеност со Интернет.

И денешното лансирање на ракетата е историско. Иако не е толку битен за сите како летот до Меѓународната вселенска станица, битно е за SpaceX затоа што освен сопствените сателити, во вселената ќе испрати и сателити на други компании, што, се разбира, ќе го наплати.

- Advertisement -

Вселенската компанија на Маск уште во февруари најави програма во склоп на која со нивните ракети ќе испрати и сателити на дрги компании, што ќе го наплатува 1 милион долари по полетување. Првиот корисник на програмата е компанијата PlanetLabs, која со Falcon 9 во вселената ќе испрати три сателити, а договорено е уште едно лансирање на сателити во вселената со Falcon 9

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -