„Пакомак“ почнува акција за собирање на стакло

- Advertisement -

„Пакомак“ почнува акција за собирање стаклен амбалажен отпад директно од домот на граѓаните. Како што соопшти денеска компанијата, граѓаните треба да ги остават своите контакт податоци и приближната количина отпад за собирање, а по 10 дена компанијата ќе изготви план за негово подигнување.

Во соопштението до медиумите „Пакомак“ наведува дека се’ што треба да направат граѓаните е само да се јават на телефонскиот број 072 26 66 26 во тек на работната недела (понеделник-петок) и да ги остават своите контакт податоци, адреса и град на живеење, приближна количина на отпад за подигнување, телефонски број и лице за контакт. Во рок од 10 дена по добивањето на потребните податоци ќе биде изготвен детален план за подигнување на отпадот за што граѓаните ќе бидат информирани.

- Advertisement -

Како знак на благодарност за соработката, „Пакомак“ ќе ги награди граѓаните со семе за цвеќе кое може да го засадат во својот дом. За најмалку две гајби тегли и шишиња или пак шест килограми стакло, „Пакомак“ ќе им подари и едно пакетче ароматични семиња за расад.

-Одржувањето и подобрувањето на  животната средина започнува од секој еден од нас, а потоа одговорноста се проширува низ заедницата како колектив. Во идеални услови веројатно сите би го селектирале отпадот, но предизвикот доаѓа кога нема услови и истите треба да бидат создадени. Новата акција на Пакомак го адресира токму тоа – создава услови за целото население правилно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината, се наведува во соопштението на „Пакомак“.

Сподели!
- Advertisement -