Тимот на Time.mk направи алатка за увид во јавните набавки во Македонија

- Advertisement -

Тимот кој стои позади најпознатиот македонски агрегатор на вести Time.mk, дошле до идеја, со користење на нови технологии да овозможат увид во тоа како се трошат парите на граѓаните, пренесе порталот IT.mk

Алатката именувана како Јавни набавки е своевиден агрегатор во кој јавните набавки се сортирани по категорија и корисниците можат да пребаруваат по име на компанија, нарачател и опис и даден временски период. Дополнително, резултатите можат да бидат групирани по нарачател, фирма или и двете.

За жал, овие податоци често не се лесни за истражување, ниту има единствена локација каде можат да се пронајдат. Можноста за криење на овие податоци и нивно заборавање помага корупцијата и слични пракса да поминува незабележано. Поради ова парите на граѓаните често се трошат неодговорно, а некогаш и незаконски.

- Advertisement -

Целта на новата платформа е да ги извадат на виделина сите трошења на јавни пари. Така ќе биде многу потешко да се злоупотребуваат парите на граѓаните.

Со помош на филтрите многу лесно се наоѓа ако некоја компанија често е на листата, ако некој проект е премногу пати на листата или ако некој нарачател често користи услуга од иста фирма. Комбинацијата на филтри овозможува куп функционалности. На пример: фирми и вредност на тендери; најголема вкупна вредност на тендери; најголеми тендери по опшина и слично.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -