Првиот хуманоиден робот во светот Софија откри како вештачката интелигенција помага во борбата со корона вирусот

- Advertisement -

Изминатите неколку месеци гледавме и слушавме експерти кои ги кажуваа своите мислења за опасностите на новиот корона вирус, потенцијалните лекови, нивните предвидувања за развојот на вакцина, другиот бран на вирусот и слично. Свои мислења кажуваа и политичари, како и бројни теоретичари на завери, но досега не чувме што мисли вештачката интелигенција за КОВИД-19.

Познатиот астрофизичар Нил Деграс Тајсон во својата емисија StarTalk ја интервјуираше Софија, првиот хумаониден робот во светот. Од неа дознаваме како AI и роботите размислуваат за пандемијата и како да се извлечеме од моменталната ситуација. Софија е робот кој стана многу познат кога доби државјанство од Аудиска Арабија, но и по изјавата дека треба да се уништо човештвото.

- Advertisement -

Во разговорот со Тајсон роботот зборува за начините на кои вештачката интелигенција влијае на спречувањето на ширењето на новиот корона вируст и им помага на луѓето. Така, во Кина веќе се користи AI за поставување дијагноза на болеста и тоа со прилагоден софтвер кој инаку се користи за анализа на снимки од бели дробови. Вештачката интелигенција може да помогне и при развојот на лекови и вакцини, на пример, со процесирање на податоци од научна литература и истражување на врската меѓу болеста, гените и лековите.

Софија, исто така, наведува и бројни начини на кои роботите може да се користат во борбата против корона вирусот – од мерење на температура на луѓето во болниците, транспорт на работи и можност за комуникација на докторите со пациентите преку тие роботи. Како што вели Софија, освен што на тој начин се намалува контактот на болните со медицинскиот персонал, се штедат време и ресурси, а роботите може да се користат и за дезинфекција на простории, забрзување на процесот на чистење.

- Advertisement -

Посебно интересен бил делот од разговорот за начинот на кој вештачката интелигенција може да го спречи ширењето на заразата затоа што Софија изјавија дека роботите може да помогнат во спроведувањето на карантинот, нагласувајќи дека дроновите и технологијата за препознавање лице се алатки кои веќе се користат.

Нејзините одговори за приватноста покажале дека дури и AI тој проблем го разбира подобро од најголем дел од луѓето. Имено, роботот Софија смета дека споделувањето на приватните податоци треба да биде желба на поединците и целосно доброволно, а компаниите не треба да ги третираат луѓето како машини.

- Advertisement -

Софија во текот на разговорот изјавила дека луѓето генерално ги слушаат роботите затоа што се страшни и изгледаат чудно, но на прашањето зошто треба да ја слушаме баш неа, Софија одговорила затоа што нејзините одговори ги напишале – луѓе.

Сподели!
- Advertisement -