Лансирана првата интерактивна и едукативна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”

- Advertisement -

Платформата „E-commerce4All“ е прилагодена за користење преку веб и мобилен уред.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денеска ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”.

Веб платформата, преку едноставен и брз пристап, ќе им овозможи на сите потенцијални и постоечки е-трговци на едно место да стигнат до потребните информации за започнување и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти во синџирот на е-трговијата како што се: регулатива, испорака и е-плаќање.

- Advertisement -

Се очекува платформата да помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и  ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата земја.

Таа ќе содржи пет модули кои ќе се градат и промовираат одделно во различни фази на проектот. Со денешното лансирање на веб платформата се промовира првиот модул кој се однесува на регулатива за е-трговија во земјава  и содржи сеопфатни прирачници за состојбата со е-трговијата во нашата земја, информации за основање на компанија која работи со е-трговија – односно податоци што секој е-трговец задолжително треба да ги знае.

- Advertisement -

Платформата „E-commerce4All“ е прилагодена за користење преку веб и мобилен уред.

Сподели!
- Advertisement -