Дигиталниот топломер Infrared Non-Contact Digital Thermometer мери температура без контакт со телото

- Advertisement -

Повеќето дигитални топломери ја мерат температурата за околу една минута, но мора да дојдат во контакт со телото, односно устата. Тоа значи дека има шанса да се пренесат бактерии и вируси од една личност на друга. Сепак, тоа не е случај со бесконтактните топломери. Infrared Non-Contact Digital Thermometer е бесконтактен топломер кој ја мери температурата за една секунда и ви помага да ги чувате безбедни членовите на семејството.

Овој топломер дефинитивно го олеснува одржувањето на нивното здравје. Најпрвин, ја мери температурата без никаков директен контакт со телото. Тоа значи дека може да провери дали некој член на семејството има висока температура без тој што мери да се изложи на опасноста од пренесување бактерии или вирусти. Освен тоа, ја мери температурата речиси моментално.

- Advertisement -

Освен тоа што ја мери температурата, има и други функции. На пример, може да ја детектира и температурата на предмети во домот – од течности до храна и слично. Таа функција, на пример, им помага на луѓето кои често готват. Понатаму, дигиталниот топломер автоматски се исклучува ако не се користи 15 секунди.

(New Atlas)

- Advertisement -

(фото: New Atlas)

Сподели!
- Advertisement -