Полицијата во Чиле дресира кучиња да ги намирисаат болните од корона вирусот

- Advertisement -

Полицијата во Чиле се обидува да обучи кучиња да ги откриваат луѓето заразени од корона вирусот преку нивната пот. Три златни ретривери и лабрадор на возраст од 4 до 5 години кои досега биле користени за откривање дрога, експлозиви и исчезнати луѓе се кучињата што се дресираат.

Програмата за дресирање е резултат на заеднички напори на полицијата на Чиле и експерти од Католичкиот универзитет на Чиле. Следуваат слични програми и во Франција, вели водителот на програмата, Хулио Сантелицес.

- Advertisement -

Кучињата имаат 330 милиони мирисни рецептори и способност да откријат мириси 50 пати подобро од човекот. Тие можат да намирисаат 250 луѓе на час. Корона вирусот нема мирис, но болеста предизвикува метаболички промени кои доведуваат до ослободување посебен вид на пот, а тоа е она што ќе го намирисуваат кучињата, вели професорот по ветеринарна епидемиологија од Католичкиот универзитет, Фернандо Мардонес.

Според Сантелицес, тестовите во Европа и во Дубаи покажале 95% прецизност во откривањето на болеста КОВИД-19. Важноста на оваа студија е тоа што кучињата ќе станат биодетектори и ќе ја откриваат болеста во рана фаза, вели Сантелицес.

- Advertisement -

Мардонес додава дека веќе постојат докази дека кучињата можат да откријат болести како туберколоза, паразити, па дури и рани стадиуми рак. Кучињата можат да осетат мали промени на температурата на кожата, па би можеле да се користат и за откривање на треска.

Обуката на кучињата почна пред еден месец со примероци на пот земени од пациенти и експертите се надеваат дека кучињата ќе бидат на терен до август. Планираат да ги распоредат на подрачје каде што има многу пешаци покрај автобуските постојки, аеродромите и други прометни места.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -