Брендот за сладоледи Magnum и агенцијата LOLA MullenLowe произведоа ограничена серија на крпи за плажа со површина од 3 квадратни метри со цел да поттикнат на социјалнo дистанцирање на плажа. Малку хумор не е на одмет среде оваа пандемија, а соработката на Magnum и креативната агенција е вистинско освежување.
Колекцијата крпи за плажа е вистинско ремек дело. Тие се комбинација на практичноста на крпата за плажа и ќебето за пикник, заедно со вистинска уметност во рамките на кампањата на Magnum, #TrueToPleasure campaign. Покрај тоа, тие испраќаат една битна порака.
Крпите за плажа овозможуваат двајца луѓе удобно да седат на нив, додека истовремено одржуваат растојание од најмалку 2 метри меѓу нив. Тие овозможуваат да уживате на плажа и да не се грижите за вашата безбедност.
Magnum зад себе веќе има други соработки со креативни агенции. Овој пат партнерството е склучено со уметници како Австралиецот Каран Синг (@madebykaran), Французите Дејвид Ванадиа (@davidvanadia) и Квентин Монг (@mongequentin). Нивните дизајни црпат инспирација од силуетата на сладоледот Magnum и ги потсетуваат луѓето да најдат време за уживање летово на безбеден, социјално дистанциран начин.
(World Branding Forum)
(фото: Pikist)