Австралија објави дека обезбедила залихи од потенцијалните вакцини против корона вирусот и дека ќе може да подели бесплатни дози за секој поединец од својата популација од над 25 милиони жители. Станува збор за вакцинља која заеднички ја развиваат компанијата Astra Zeneca и Универзитетот Оксфорд.
„Ако клиничките испитувања бидат успешни, договорот со Astra Zeneca би осигурал брз пристап до вакцини за секој Асвтралиец“ изјави премиерот Скот Морисон и додаде дека вакцинацијата веројатно ќе биде задолжителна.
Вакцината на Универзитетот Оксфорд и Astra Zeneca е една од петте потенцијални кандидати кои влегоа во понапредни клинички истражувања, земјите ширум светот сакаат да осигураат залихи за своите жители.
„Ако оваа вакцина се покаже успешна, веднаш ќе ги произведеме и ќе ги испорачаме бесплатните дози за сите 25 милиони Австралијци“ изјави Морисон.
Уште не е познато колку би чинела испораката на вакцини за целата популација. Австралија потпиша и договор вреден 18 милиони долари со американската фармацевтска компанија Becton Dickinson и осигура испорака на 100 милиони игри и шприцеви.
Морисон рече дека се надева оти вакцинаѕа ќе биде достапна на почетокот на идната година.
(BBC, Bizlife)
(фото: Freepik)