Истражувачи открија зошто ладното пиво е повкусно

- Advertisement -


Пивото има подобар вкус кога се пие ладно, покажа студијата објавена во научното списание Matter. Истражувачи од Кинеската академија за наука открија дека алкохолните пијалаци имаат повеќе или помалку вкус на етанол на различни температури.

Тие дознаа дека температурата на течноста го менува начинот на кој се формираат водата и етанолот, создавајќи кластери во форма на синџир или пирамида на молекуларно ниво, што влијае на вкусот на пивото.

- Advertisement -

При ниски концентрации алкохолот формира повеќе структури во форма на пирамида околу молекулите на вода. Во поголеми концентрации алкохолот почнува да се реди во синџири.

Конкретно, било забележано зголемување на структурите на синџири во пијалаци со 5% до 11% алкохол кога се сервираат на 4,4 степени Целзиусови, како пивото.

- Advertisement -

Типични светлите пива имаат од 4% до 5% алкохол, додека обичните имаат од 5% до 6%. На ниска температура тетраедарскиот облик на кластерите е во мали концентрации. Затоа пиеме ладно пиво, вели главниот автор и научник, Лео Џианг.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -