Бројката на деца кои умираат од прегревање затоа што биле затворени во автомобил на високи температури на глобално ниво воопшто не е за занемарување. Од компанијата на Илон Маск, Тeslа, размислуваат за начините на кои би можеле да спречат такви трагедии. Затоа моментално работат на развој на сензори кои би можеле да препознаат кога некое дете е оставено во врел автомобил и да реагираат на таквата ситуација, односно да го предупредат сопственикот на возилото.
Сензорите би се базирале на радарско препознавање на предмети и луѓе и би можеле да препознаат дали на задното седиште седи дете или возрасна личност и врз база на тоа да го оптимизираат системот на воздушни перничиња многу поефикасно во однос на постојните сензорски системи кои се наоѓаат во седиштата. Системот, кој е базиран на радар, овозмоува перцепција на длабочина и може да „гледа“ низ тенки материјали и да препознае мали движења како тие при дишење и отчукување на срце и може да разликуваат дете од предмет.
Исто така, покрај спасување на децата од прегревање во автомобил и патниците од повреди по отворањето на воздушните перничиња, технологијата којашто сакаат да ја имплементираат во автомобилите би ги потсетувала патниците да ги врзат појасите и би ја зголемувале безбедноста од кражби, се вели во објаснението на патентот.
На Teslа најпрвин и е потребна дозвола од Федералната комуникациска комисија за користење такви сензори, а тоа може да се оддолжи, па затоа не е познато кога би можеле да ги видиме новите сензори во возилата.Компанијата на Илон Маск веќе користи различни сензори за да ја зголеми безбедноста на луѓето, но и на домашните миленици, па така имаат посебна опција која ќе може да ја подеси температурата која им одговара на кучињата ако сопствениците ги остават на кратко во автомобил. Интересна е и опцијата Sentry, која ја активира камерата и алармите и испраќа предупредување до сопственикот на возилото во случај некој да се приближи премногу до автомобилот и дака да го оштети или да украде нешто од него.
(Dnevnik.hr, Reuters)
(фото: Flickr)