Американската војска развива материјал кој сам се поправа и може да менува форми

- Advertisement -

Американската армија, инспирирана од популарниот филм „Терминатор 2“, развива материјал кој може да менува форми и автоматски да се поправа самиот себеси. Материјалот е направен од полимер, може да се печати со 3Д принтер и има динамична врска која овозможува да преминува од течна во цврста состојба повеќе пати.

Новиот материјал исто така има уникатна меморија за форми, што на корисниците им овозможува да го програмираат и да го поттикнат да се врати во претходната форма. Тимот научници предвидува дека оваа иновација може да се користи за создавање беспилотни летала и роботски платформи кои можат да менуваат форма.

- Advertisement -

Армијата за овој проект ги здружи силите со истражувачи од универзитетoт A&M Во Тексас, САД што може да прерасне во идна платформа за воздушни и копнени мисии. Тимот сака материјалот да ги добие и карактеристиките за реконфигурација на ликот T-1000 од холивудскиот филм „Терминатор 2“, вели д-р Френк Гардеа, главниот истражувач во воената лабораторија.

На филмот, Терминатор е направен од течен метал кој може да менува форми, да имитира други форми и самиот да се поправа, од каде што потекнува и инспирацијата за новиот материјал.

- Advertisement -

„Сакаме систем од материјали кој симултано ќе има структура, осетливост и ќе може да реагира“ вели Гардеа. Материјалот иницијално бил дизајниран да реагира на температурни промени, што било полесно за лабораториски тестирања, но истражувачите знаат дека примената на тоа во реалниот свет нема да биде ни лесна ни практична.

Гардеа објаснува дека неодамна на материјалот му додале технологија за реагирање на светлина, што значи дека корисниците ќе можат да ја контролираат температурата на далечина.

- Advertisement -

Полимерите се направени од репетитивни единици, како алки на синџир. Кај помеките полимери тие алки се слабо поврзани една за друга. Колку повеќе врски има меѓу алките, толку е поцврст материјалот. Повеќето такви материјали, особено тие што можат да се 3Д печатат, имаат фиксна форма, односно отако ќе се направи некој производ од нив не може да се преработува или да се топи.

Новиот материјал на американската војска има врски меѓу тие алки овозможуваат менување на формата од течна во цврста форма, може да се 3Д печатат и да се рециклираат.

Истражувањето и материјалот уште се во почетна фаза, но тимот веќе има 3Д печатен материјал кој може да се додава на компоненти на беспилотни летала. Гардеа вели дека наредните чекори се подобрување на способностите за реагирање на дразби и поправање.

(Daily Mail)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -