Пoдготовка на студентите за работа со freelance платформите – еден од клучните аспекти за почеток на кариера во ИТ индустријата

- Advertisement -

Јавен Адвертајзинг  е образовна верифицирана институција со простории во Битола и Охрид, која нуди голем број на обуки од областа на програмските јазици, дигитален маркетинг, графички дизајн, софтвер тестер, ИТ проектен менаџмент, бази на податоци итн.

Секоја од обуките е креирана на начин така што секој студент кој што ќе ја посетува, без разлика на години и претходно знаење ќе може лесно да го изучи материјалот кој се нуди.

- Advertisement -

Во текот на целата обука студентите работат на практични примери, а на крајот на секоја обука студентите изработуваат практични проекти кои што се целосно функционални и подготвени да ги презентираат пред идните работодавачи.

Јавен Адвертајзинг има склучено соработка со компании кои што имаат потреба од изработка на бесплатни ИТ проекти, па за таа цел им се дава можност студентите да бидат дел од тие проекти. И секако, доколку соработниците имаат потреба од кадри се врши препорака во согласност со студентите.

- Advertisement -

Се со цел да им се помогне на студентите самостојно да работат на проекти со оние вештини што ги стекнале и развиле во текот на обуките, после завршување на обуките студентите добиваат обука за фриленс работење водена од експерт од оваа област. Се креираат профили на платформите за фриленс работење, се изучува како да се бараат проекти, а со тоа студентите имаат можност за градат искуство, да работат за повеќе работодавачи и да ги прошируваат своите знаења.

Постојат голем број на платформи за фриленс работење. Изборот на правата платформа може да биде тежок. Овие платформи се одличен избор за почеток на кариерата. Може да се изработуваат и помали проекти кои ќе им помогнат на студентите да стекнат искуство кога треба да работат на поголеми проекти. Исто така овој тип на работа ги подготвува студентите за идната работна позиција. Студентите се оочуваат со голем број на клиенти од различни земји, а тоа ќе им помогне да ги подобрат комуникациските вештини. На овие платформи може да се оствари и долгорочна соработка со некоја компанија, односно од фриленс работа или работа на проект да се добие remote работа, односно стална работна позиција.

- Advertisement -

Почетокот на работата со овие платформи може да одземе подолг период се додека не се стекни искуство и додека не се научи правилниот начин на работа. Но со многу труд и вложување крајната цел се постигнува.

Поради светската пандемија и пречките во наставата, Јавен Адвертајзинг користи и софтвер за онлајн учење Adobe Connect – еден од најдобрите софтвери за онлајн учење на интернационално ниво. Овој софтвер е наменет за секаков вид на онлајн комуникација од состаноци до предавања со мал или голем број на учесници.

Наставата се одвива непречено, а студентите го добиваат максимумот од обуката исто како што би го добиле и во училница.

Но и покрај сето ова, Јавен Адвертајзинг (javenmk.com) функционира на пазарот веќе неколку години и како софтверска компанија и нуди голем број на услуги за дигитален маркетинг, развивање на веб страни и нивно одржување, консалтинг, развивање и креирање на софтверски решенија.

Јавен Адвертајзинг нуди и готови софтверски решенија како што се:

софтвер за архивско работење, софтвер за материјално работење (магацин и финансии), софтвер за управување со човечки ресурси, софтвер за управување со организациски процедури и задачи, како и софтвер за транспорт.

Сите софтвери се креирани се со цел да се олесни работењето на вработените во една компанија, да се има поголема прегледност, подобро менаџирање со сите задачи и документи.

Тимот на Јавен Адвертајзинг е флексибилен и секојдневно се залага за унапредување на  знаењето на своите студенти, но и клиенти.

Веб страна: javen-advertising.com / javenmk.com

Контакт емаил: contact@javen.mk

Сподели!
- Advertisement -