Пет вештини кои мора да ги научиме за во иднина!

- Advertisement -

Луѓето кои ја изгубија работата во текот на корона кризата се надеваат дека наскоро ќе најдат нова работа, а многумина од нив ќе бидат приморани да бараат нови можности. Тоа може да значи дека некои од нив ќе треба да научат нови вештини и да стекнат нови знаења за да можат да заработат, но и за да си ја вратат самодовербата.

Експертите наведуваат неколку вештини кои ќе мора да ги научат луѓето ако сакаат да најдат работа во иднина. Вештините кои експертите најчесто ги споменуваат се анализа, интерпретација и користење на податоци.

- Advertisement -

Податоци

Џејк Шварц, генерален директор на компанијата General Assembly, образовна компанија која нуди часови по кодирање, дизајн, науки за податоци и за бизнис, вели дека вештината број еден која би требало да ја научат сите е работа на податоци.

- Advertisement -

„Нема сомнение дека целиот свет ќе стане позависен од податоците. Многу компании беа приморани да се преиспитаат на кој начин ги продаваат производите или услугите без физички контакт и сега користат повеќе податоци за носење битни бизнис одлуки отколку порано“ вели Шварц. Според LinkedIn, совладувањето на науките за податоци е една од најбараните вештини во огласите за работа.

Комуникација

- Advertisement -

Многу експерти нагласуваат дека после епидемијата ќе бидат потребни освен техничките вештини, и меките вештини. На пример, Алиса Мервин, потпретседател на LinkedIn Sales Solution, вели дека што повеќе експерти за продажба работат првенствено онлајн без директен контакт лице во лице, се повеќе ќе им бидат потребни подобри вештини на слушање и емпатија.

„Активното слушање, решавањето проблеми, критичкото размислување и изградувањето односи се врвните вештини и атрибути кои денес се потребни за продажба“ вели Мервин.

Вивек Рависанкар, извршен директор на HackerRank, техничка платформа за регрутирање, се сложува дека меките вештини ќе станат побитни во годините што следуваат. „Со помалку човечка интеракција во физичкиот свет можноста за појасна комуникација едни со други ќе биде се попотребна. Најголем дел од комуникацијата ќе се одвива преку видеоконференции, телефонски повициили преку пишана комуникација, така што луѓето мора да почнат да ги обновуваат своите вештини во тие области за да бидат поефикасни“ вели Рависанкар.

Креативност

Сесил Алпер-Лерук, потпретседателка на производство и иновации во Ultimate Softvare, компанија која развива софтвер за управување со човечки капитал, додава дека прилагодливоста и креативноста, кои често се сметаат за софтверски вештини, исто така ќе бидат се побитни.

„Иако вештините како агилност и креативност секогаш се ценети на работното место, тие сега се побитни отколку кога било. Прилагодувањето на промените како што е работењето од дома, присуствувањето на виртуелни состаноци и усогласувањето на професионалниот и приватниот живот се се побитни за одржување на продуктивноста“ вели Лерук.

Како што се зголемува побарувачката за овие меки вештини Лерук вели дека границата меѓу тоа што се смета за мека и тврда вештина ќе избледи.

Вештачка интелигенција

Многу експерти сметаат дека епидемијата на корона вирусот ќе ја забрза потребата за работници кои се специјализирани за автоматизирана вештачка интелигенција и машинско учење. Корона вирусот предизвика забрзување на некои трендови во работата поради автоматизацијата. Тара Чкловски, извршен директор на непрофитната организација Technovation, која се фокусира на опремување со знаење на девојчиња за претприемништво и технолошки вештини, објаснува дека да се стане експерт за вештачка интелигенција воедно значи и стекнување поширока слика за технички и аналитички вештини.

„Иако вештините во одредени STEM области може да ви помогнат да навлезете во материјалот, се сложувам со Џек Дорси дека вештачката интелигенција може да работи многу подобро отколку некој со почетно ниво на програмирање и дека иднината на кариерата на луѓето е да излезат од рамките ја програмирањето. Клучот е да се стане некој кој може креативно да решава проблеми од реалниот свет и да се бори против сложените системски размислувања во тимовите“ вели Чкловски.

Безбедност на интернет

Џими Етереџ, генерален директор на компанијата Accenture of North America, вели дека со оглед на тоа дека се повеќе луѓе работат од дома, а се повеќе компании ги преместуваат своите бизнис онлајн, сајбер безбедноста е уште едно поле кое во голема мера ќе биде во голема мера барано во наредните месеци и години.

„Нема сомнение дека и понатаму ќе гледаме се повеќе луѓе кои работат од дома и веќе дојде го поголеми напади на Zoom” вели Етереџ и додава дека серијата напади биле од страна на хакери кои неповикани се приклучувале на повици и прикажување непримерни содржини. Според едно истражување од 2019 година, околу 2,8 милиони луѓе во светот се занимаваат со заштита на дигиталните платформи, но би биле потребни уште 4 милиони обучени работници за да се обезбеди работата на интернет.

(Bankar.rs)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -