Компанијата за клиничка дијагностика Novacyt на пазарот претстави тест кој го разликува КОВИД-19 од обичните зимски грипови. Компанијата веќе објави дека тестот Winterplex препознава два гени специфични за КОВИД-19, како и гени кои детектираат грип од типот А и Б и респираторен синцициски вирус RSV.
„Веруваме дека Winterplex е првиот одобрен тест кој го разликува КОВИД-19 од вообичаените респираторни болести“, изјави директорот на Novacyt, Греам Мулис.
Од Novacyt велат дека новиот производ се очеквуа да ги зголеми приходите на компанјата. Акциите на Novacyt на берзата во Париз поскапеа за 6% на почетокот од тргувањето, додека од почетокот на 2020 година досега цената на акциите се зголемена за 1,900%.
Новиот PCR тест (тест на принципот реакција од синџирот полимераза) е еден од бројните производи од типот PCR кои веќе ги има на пазарот и го дијагностицираат присуството на КОВИД-19. PCR е главниот метод за тестирање во бројни земји. Со нив болеста се открива така што генетскиот материјал се размножува до точка кога научниците можат да го детектираат.
(Reuters, Dnevnik.hr)