Amazon направи битен чекор кон стартување на услугата Prime Air, односно достава преку беспилотни летала, која во иднина би требало доста да ја забрза доставата на пратки за купување од страниците на компанијата на Џеф Безос. После долго време конечно добија зелено светло од Федерланата воздухопловна амдинистрација за управување со дронови за достава. Сега кога конечно ја имата дозволата, може целосно да се посветат на понатамошни тестирања. Со првите тестирања беспилотните летала за достава почнаа во 2013 година, а дозволата за достава со дронови ја побараа минатата година, при што првенствено се фокусираат на достава на мали и лесни пакети во подрачја со мала густина на населеност.
На дозволата и претходеа ригорозни тестирања, детални докази за достава со дронови и демонстрација на самата технологија пред инспектори кои очигледно биле задоволни со она што го виделе. Сега кога ги имаат сите потребни документи, ќе можат безбедно и ефикасно да испраќаат пратки до своите корисници преку дронови кои ќе летаат надвор од видикот на операторите.
Секако, тоа не значи дека вендаш ќе ја покренат самата услуга и дека корисниците на услугата Prime набрзо ќе почнат да добиваат свои нарачки по воздушен пат. Нивните дронови моментално интензивно се тестираат, но ќе помине доста време додека беспилотните летала да станат вообичаен начин на достава.
Минатата година го претставија и дронот со кој сакаат да стартуваат воздушна достава. Леталото има 6 ротори и ќе може да пренесува пакети до 2,4 кг на максимум 24 км. Опремен е со различни сензори кои треба да овозможат безбеден лет и избегнување на препреки во текот на летот.
(Dnevnik.hr, NBC News)
(фото: Pikrepo)