Биткоин ја надмина границата од 10.000 долари!

- Advertisement -

Дигиталната валута денес ја надмина границата од 10.000 долари, со што десеткратно ја зголеми вредноста во однос на почетокот на годината. Вредноста на најпознатата криптвалута, според сајтот coindesk.com, попладнево изнесува околу 10.800 долари, додека на почетокот на годината беше нешто помалку од 1.000 долари, пишува Bizlife.

Биtкоин е создаден пред десет години како алтернатива на парите кои ги контролираат владите. Иако се повеќе продавачи примаат биткоин, оваа валута поради постојаната промена на вредноста помалку се користи како платежно сресство, а повеќе како стока.

- Advertisement -

Дел од традиционалните институции и компании и понатаму одбиваат биткоин, но криптовалутата полека навлегува на класичните пазари. Шефицата на Мешународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, на крајот на септември годинава ги посоветува банкарите од целиот свет да не ги отфрлаат виртуелните валути како биткоин.

На конференција на британската централна банка Лагард порача дека дигиталните валути како што е биткоин моментално не се особена закана за постојните системи затоа што се „нестабилни, премногу ризични и трошат многу енергија“. Таа сепак наведе дека технолошките иновации со тек на време ќе влијаат и на таа област и поради тоа можеби не е мудро да се отфрлат криптовалутите.

Сподели!
- Advertisement -