Пад на извозот за 21,4% во првата половина од годината

- Advertisement -

Вкупната вредност на извозот на стоки, од јануари до јули 2020 година, изнесува 3.297.625 илјади американски долари и бележи пад од 21,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.511.999 илјади американски долари, што е за 17,3 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот од јануари до јули 2020 година, изнесува 1.214.374 илјади американски долари.

- Advertisement -

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта.

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

- Advertisement -

Во првите шест месеци од годината Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Сподели!
- Advertisement -