Ако сакате детето да ви биде успешно на училиште, дозволете уште од пелени да користи паметни уреди

- Advertisement -

Веќе со години се води расправа за тоа дали компјутерите и паметните телефони се позитивни или негативни во одгледувањето на децата. Некои тврдат дека децата треба што побрзо да се запознаат со технологијата затоа што тие израснуваат во контакт со нeа и треба што побрзо да научат да ја користат. Други велат дека треба да се воведе што подоцна за претходно да развија други вештини.

Едно интересно истражување објавено во списанието Journal of American Medical Association-Pediatrics откри дека децата кои користат уреди со екрани на допир (како што се паметните телефони и таблетите) порано развиваат вештини кои можат добро да им дојдат во секојдневниот живот.

- Advertisement -

Истражувачите откриле дека децата кои секојдневно користат паметни уреди биле поспособни во пронаоѓањето на работи од секојдневниот живот во споредба со децата кои не користеле паметни уреди толку често.

Првите неколку години од животот се критични за развојот на способноста за фокусирање на вниманието на битни информации. Тоа е вештина која подоцна, во текот на школувањето, се покажала како пресудна, вели авторот на студијата, Тим Смит, од британскиот Универзитет Бат.

- Advertisement -

Истражувањето покажало дека децата на возраст од 1,5 до 3,5 години, кои учествувале во истражувањето, кои често користеле уреди со екрани осетливи на допир, полесно и побрзо ги пронаоѓале метите, односно предметите кои биле побарани од нив како што е наоѓање црвено јаболко меѓу сини јаболка.

Меѓутоа, кога задачата станала потешка и требало да се најде кришка сино јаболко меѓу кришки црвени јаболка, и двете групи имале исти резултати. Научниците додаваат дека мора да истражат дали разликата во концентрацијата е предност или маана во секојдневниот живот, се вели во истражувањето.

- Advertisement -

Експертите нагласуваат дека е битно да се разбере на кој начин модерната технологија влијае на децата за да се максимизираат сите предности и да се минимизираат сите штетни последици.

(Dnevnik.hr, JAMA)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -