Зголемен интерес за услугата авионски такси превоз во Србија

- Advertisement -

Во Србија во последно време е се’ популарен авионскот такси превозот, а согласно податоците од Директоратот на цивилното воздухопловство, постојат седум оператори со сертификат да го вршат овој вид на превоз на патници за надомест, од кои шест користат авиони, а еден хеликоптер.

Станува збор за оператори кои имаат до 10 патнички седишта. Компании кои вршат јавен авио превоз се „Air Pink“, „Air Serbia“, „Balkan Helicopters“, „Eagle Express“, „MPC Air“, „Prince Avitation“ и  „Sky Bridge“.

- Advertisement -

Како што наведуваат во Директоратот, вкупниот број на воздухоплови кои имаат до 10 патнички седишта, а кои ги користат тие седум оператори е 26 (23 авиони и 3 хеликоптери).

Овој вид на превоз има голем интерес кај деловните луѓе, им заштедува време бидејќи не се врзани со распоредот за летање на аеродоромите. Кризата предизвикана од пандемијата поради корона вирусот не ги одмина ниту овие превозници, но поради типот на летови (директни летови, помал број на патници и користење на посебни терминали), побрзо се вратија со вршење на услугите за разлика од големите авио-компании.

- Advertisement -

Извор – Стопанска Комора на Македонија

Сподели!
- Advertisement -