Koj е најпродаваниот телефон во светот?

- Advertisement -

Познатата компанија за аналитика на пазарот Canalys ги објави податоците за десетте најпродавани паметни телефони во третиот квартал од годинава. Иако меѓу најпродаваните 10 на листата се наоѓаат дури 5 телефони на Samsung, најпродаваниот смартфон во светот е iPhone 11, кој е продаден во повеќе од 16 милиони примероци. На второ место е уште еден iPhone, iPhone SE, а потоа следуваат три модели на Samsung Galaxy – A21s, A11 и A51.

На шестото и на седмото место се телефоните на Xiomi – Redmi Note 9/Redmi 10x 4G и Redmi 9, а потоа следуваат Galaxy A31, Redmi 9A и Galaxy A01 Core. Како што можете да видите, меѓу најпродаваните телефони ни овој пат нема флегшип телефони на Samsung, но тоа не и пречи на јужнокорејската компанија да владее со пазарот по вкупната продажба на паметни телефони во светот.

- Advertisement -

Apple се надева дека iPhone 12 ќе постигне ендаков, ако не и поголем успех од iPhonea 11, но првите резултати од продажбата ќе ги видиме за неколку месеци отсега. За да остане на врвот на продажбата, Samsung е присилен да развива и да издава многу модели, додека Apple владее на пазарот со само неколку уреди и таа ситуација не се менува од генерација во генерација. Што се однесува на разликите во продажбата од година во година, Samsung оствари раст на продажбата на телефони од 2%.

(Vidi)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -