Маск планира најевтиниот Тесла автомобил да чини 25.000 долари

- Advertisement -

Илон Маск верува дека неговата компанија во иднина ќе произведува 20 милиони возила годишно. На манифестацијата „Battery Day“ која е одржана во вторник во рамките на фабриката на Тесла во Фримонт, Илон Маск открил дека неговата компанија планира производство на сопствена погонска батерија, благодарение на која најевтината Тесла би имала значително пониска цена од сега.

Целта е електромобилот да чини колку и одговарачки модел со мотор со внатрешно согорување ако не и помалку. Маск планира цената на најевтиниот Тесла автомобил да изнесува 25.000 долари. Моментално најевтиниот Модел 3 чини нешто помалку од 38.000 долари.

- Advertisement -

Како резултат на поевтинувањето на автомобилите на електричен погон се очекува се помасовна продажба во светот. Маск вели дека сака Тесла во некој момент во иднината годишно да произведува дури 20 милиони возила на стрија, додека овогодинешната проектирана продукција е 500.000 Тесла автомобили.

Маск наведува дека неговата батерија се уште не е подготвена и дека е потребно да се работи на зголемување на капацитетот на самата батерија и намалувањето на трошоците, а потоа и организација на производство. Но, не треба да се очекува масовно производство на Тесла погонски батерии пред 2022 година. Кога станува збор за цената на батерија, според неговите збороци, клучно е таа да биде под 100 долари за 1 kWh.

Сподели!
- Advertisement -