Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, во однос одлуката од 5.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

- Advertisement -

Од 14.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            59,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             61,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       50,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               50,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,863 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг и ќе изнесува 26,863 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај  бензинот за 2,145%, кај дизелот има зголемување за 5,395%, зголемување има и кај  екстра лесното масло за 5,664 %, додека кај мазутот има зголемување за 6,216%  .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,616%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 5.10.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,820 0,966
Австрија 1,008 1,066
Бугарија 0,923 0,918
Хрватска 1,108 1,211
Германија 1,044 1,289
Грција 1,134 1,424
Италија 1,263 1,388
Унгарија 1,019 1,045
Словенија 0,999 1,002
Сподели!
- Advertisement -