НАСА сака да гради мобилна мрежа на Месечината

- Advertisement -

Кога зборуваме за комуникацијата меѓу астронаутите во вселената и Земјата вообичаено се споменува радио или сателитска врска. Но, изгледа дека астронаутите кои во рамките на мисијата на НАСА, Artemis наскоро ќе тргнат кон Месечината, за комуникација ќе користат мобилна мрежа.

Имено, НАСА објави дека oдобрила договор вреден 14,1 милион долари за воспоставување на мобилна мрежа на Месечината. Како што велат оттаму, тоа ќе биде првиот LTE/4G комуникациски систем во вселената, кој со тек на време ќе прерасне во 5G мрежа. Системот би требало да ја олесни комуникацијата на површината на Месечината, но и да им овозможи на астронаутите постабилна врска со Земјата.

- Advertisement -

Од одделот за истражување на Nokiа, Bell Labs, појаснуваат дека планираат да обезбедат безжична комуникација за астронаутите, полесна навигација по површината на Месечината, како и пренос на фотографии и видеа.

Мрежата која ќе ја изградат треба да биде компактна, но и ефикасна и посебно дизајнирана за да ги издржи екстремните временски услови кои се појавуваат во вселената како радијација и вакуум.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Bell Labs Twitter screenshot)

Сподели!
- Advertisement -