Европската комисија е во финална фаза на подготовка и објавување на програмите кои треба да се реализираат во новиот седумгодишен период кој започнува во јануари 2021 година и ќе трае до декември 2027 година.
Една од најзначајните програми која ќе биде комплетно достапна и за македонските компании е Програмата „Хоризонт Европа“ која е наследник на „Хоризонт 2020“, прграмата која завршува во декември 2020 година.
„Хоризонт Европа“ е нова седумгодишна програма на Европската унија за истражување и иновација што ќе трае од 2021 година до 2027 година. Со буџет од над 100 милијарди евра, „Хоризонт Европа“ претставува најголемата рамковна програма за истражување и иновација на ЕУ од кога и да било претходно и ќе овозможи генерирање на голем број проекти наменети за компаниите кои треба да придонесат за зголемена конкурентност и иновативност на европската економија во целина. Значаен е фактот што сите истражувачки и развојни проекти кои ќе се работат во рамки на универзитетите, истражувачките центри и лабораториите мора да испорачаат како краен резултат реална примена на истите во малите и средни компании, а еден од предусловите за аплицирање на овие институции ќе биде во своите конзорциуми да вклучат и компании во кои ќе се реализираат истражувањата.
Еден од главните новитети за аплицирање на проекти во рамки на Програмата „Хоризонт Европа“ е поедноставениот пристап на аплицирање, особено за малите и средни компании кои треба да покажат во своите проектни апликации дека имаат потенцијал да развијат нови подобрени производи, да ги подобрат своите процеси на производство кои ќе значат заштита на животната средина, ќе создадат поздрави и подобрени производи за потрошувачите и генерално подобрувајќи ѓи своите конкурентни потенцијали ќе придонесат за создавање на конкурентна и иновативна европска економија.
Европскиот иновациски совет (ЕИС) е друг клучен новитет на „Хоризонт Европа“, претставувајќи клучна точка каде што компаниите ќе добијат поддршка во реализација на своите иновативни проекти и преку Европскиот иновациски совет како дел од програмата би се реализирале потпрограмите наменети за компаниите. ЕИС ќе ги продолжи проектите кои досега беа познати како Инструмент за мали и средни компаании и Брза трака до иновации, но ќе воведе и други потпрограми кои ќе бидат наменети за МСП.
Во рамки на „Хоризонт Европа“ ќе се овозможи пристап до ризични финансиски инструменти спроведувани под капата на единствениот Инвестициски фонд на ЕУ (InvestEU). Директоратот за инстражување и иновација е вклучен во два сегмента на креирање на достап до ризични финасиски средства и тоа истражувачко-иновацискиот дел и МСП.
Програмата „Хоризонт Европа“ се состои од 4 столба во рамки на кои ќе се објавуваат повиците за проекти и тоа:
-Столбот Одлична наука поддржува истражувачки проекти, подготвени и предводени од истражувачи преку Европскиот истражувачки совет. Исто така, финансира стипендии и мобилност за истражувачи преку Програмата „Марија Склодовска-Кири“ и вложува во истражувачка инфраструктура од светска класа.
-Столбот Глобални предизвиции европска индустриска конкурентност поддржува истражувања на општествени предизвици, ги засилува технолошките и индустриските капацитети и создава можности за реализација и постигнување на целите зацртани во Стратегијата Европски зелен договор, со амбициозни цели што се справуваат со некои од нашите најголеми проблеми (здравје, климатски промени, чиста енергија, мобилност, безбедност, дигитални проблеми, материјали итн.). Исто така, ќе поддржува партнерства кои ја вклучуваат индустријата и други засегнати страни за заеднички да се работи на истражување и иновации.
-Столбот Иновативна Европа има цел да ја направи Европа преводник во пазарните иновации (market-creating innovations) и во растот на МСП преку Европскиот иновациски совет. Ќе помогне во развојот на целокупниот европски иновациски потенцијал. Европскиот институт за иновација и технологија ќе продолжи со поттикнување на интеграцијата на бизнисот, истражувањето, високото образование и претприемништвото.
-Четвртата компонента за Проширување на учеството и зајакнување на европската истражувачка област е потпора на целата Програма „Хоризонт Европа“. Ќе ги поддржи земјите-членки на ЕУ, вклучувајки ја и Македонија како дел од Програмата при нивните напори да го ослободат нивниот државен истражувачки и иновациски потенцијал, а посебно ќе им помогне на земјите-членки на ЕУ коишто имаат понеразвиен истражувачко-иновациски сегмент поуспешно да учествуваат во „Хоризонт Европа“.
Линк до новата седумгодишна Програма „Хоризонт Европа“:
https://ec.europa.eu/info/horizon-europe-next-research-and-innovation-framework-programme_en
Извор – Стопанска Комора на Македонија