Кина идната година ќе испрати вселенско летало на Марс

- Advertisement -

Кина сака идната година да испрати свое вселенско летало на Марс откако успешно ја реализираа мисијата на темната страна од Месечината. Имено, леталата Jade Rabbit 2 и Chang’e 4 се првиот од тој тип кои летаа на темната страна од Месечината, а со помош на кои кинеските експерти ќе добијат фотографии кои ќе се користат за понатамошни истражувања на овој Земјин сателит.

Интересно е дека леталото Chang’e 4 го доби името по кинеската божица за која легендата вели дека живеела на Месечината илјадници години. Претставници од Кинеската вселенска агенција велат дека сега планираат да испратат свое летало на Мрс во текот на 2020 година за да видат дали е возможно да се испрати човечка мисија на оваа планета.

- Advertisement -

Првата вселенска мисија на Кина неуспешно заврши во 2012 година кога сондата која ја носеше со себе се распадна откако не успеа да влезе во Земјината орбита. Меѓутоа, неодамна од кинеската вселенска агенција соопштија дека досега кинеските вселенски мисии се одвиваат според планот и дека имаат намер да ги поместуваат границите. Соопштија и дека сакаат да соработуваат со вселенски агенции од други земји, што е преседан сам по себе.

Сподели!
- Advertisement -