Израелска компанија измисли сензор за контрола на социјалното дистанцирање на работното место

- Advertisement -

Израелската компанија PointGrab направи сензори за следење на физичкото дистанцирање на работното место. Овој нивни производ ќе им помогне на надредените во организирањето на работниот простор во текот на пандемијата на корона вирусот.

Сензорот е голем колку аларм за детекција на чад. Со него се одредува точната положба и бројот на луѓе во една просторија, било да е тоа канцеларија, хотел или ресторан. Меѓу првите компании кои се одлучија да го набават овој сензор е Deloitte. Оваа корпорација инсталираше сензори во своите простории во Лондон.

- Advertisement -

Сензорите се поврзани со екрани во просториите, а на кои може да се види кои маси и други заеднички површини се слободни. Извршниот директор на PointGrab, Дорон Шашар, тврди дека нивната иновација значително му помогнала на Deloitte. Со сензорите се детектира и оддалеченоста на луѓето едни од други и каде се движат во објектот.

Меѓу другото, благодарение на нив може да се направи предупредување кое ќе се вклучи кога две личности се поблиску од два метри подолго од една минута. И некои други компании во светот направија технологија за контрола на физичкото дистанцирање и дали се носат заштитни маски.

- Advertisement -

Сензори на PointGrab купија и Coca-Cola, Facebook и Dell. Во оваа израелска фирма се свесни дека нивниот производ можеби нема да им се допадне на работниците, но уверуваат дека тој служи само за она за што е и направен и не ја нарушува приватноста.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: PointGrab screenshot)

Сподели!
- Advertisement -