Кога загревате млеко во пластично шише во млекото се испуштаат милиони микропластични делови

- Advertisement -

Нова студија објавена во списанието Nature Food открива дека бебињата во светот консумираат околу 1,5 милион микропластични делови дневно. Според студијата, микропластиката се ослободува во огромни количини во пластичните шишиња на бебињата, особено кога се загреваат. Но, загревањето на млекото или формулата за бебиња е стандардна пракса во целиот свет, а најчесто за тоа се користат пластични шишиња.

Додека студијата докажа дека пластичните шишиња испуштаат микропластика, истражувачите велат дека се уште нема потреба да се вклучува алармот. Според Филип Шваби, истражувач на Медицинскиот универзитет во Виена, кој истражува микропластика, родителите не треба да се грижат се додека не се добијат уште информации. Според извештајот што го објави Светската здравствена организација лани, нема доволно докази дека микропластиката е штетна за луѓето.

- Advertisement -

Во моментот нема потреба да се плашиме, но прашањето останува отворено и дефинитивно потреба која не е задоволена.

Авторите на студијата откриле дека околу 82% од сите шишиња за бебиња кои се продаваат на глобално ниво се направени од полипропилен. Истражувачите анализирале 10 типови пластични шишиња за бебиња. Кога шишињата биле користени за приготвување бебешка формула, сите 10 типови шишиња испутштале микропластика и нанопластика. Детската формула ја приготвувале според советите на СЗО за загревање на водата на температура од 70 степени Целзиусови и торкиле дека микропластиката е сензитивна на топлина.

- Advertisement -

„Нема интеракција меѓу полимерите на пластиката и водата. Исто е како пластиката самата да се распаѓа на ситни делови“ вели Џон Боланд, професор по хемија и материјални науки на Колеџот Тринитѕ во Даблин и еден од авторите на студијата.

На температура од 70 степени Целзиусови повеќето шишиња испуштаат од 1 милион до 16 милиони микропластики на литар. Истражувачите велат дека се потребни дполнителни анализи за да сеутврди точниот ефект на тие микропластики врз бебињата и возрасните.

- Advertisement -

(NPR)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -