Во Хрватска започна со работа првата комерцијална 5G мрежа

- Advertisement -

Хрватска од денес ја доби првата комерцијална 5G мрежа. За почеток мрежата ќе биде достапна на подрачјето на Загреб, Риека, Сплит, Осијек, Самобор и Света Недела во мрежата на Хрватски Телеком. Како што истакнаа, 5G мрежата ќе овозможи поврзување и автоматизација на голем број сензори, индустриски уреди, автономни возила, дронови и понатамошен развој на телемедицината.

„Комерцијалниот почеток на работата на 5G мрежата е голем пресврт за Хрватски Телеком, но и за целата телекомуникациска индустрија во Хрватска затоа што денес ја претставуваме иднината. Со 5G мрежата создаваме прилики за бројни иновации кои ќе овозможат економски и социјален развој. Денес ги претставуваме темелите на иднината и горд сум што Хрватски Телеком повторно ги поместува границите и поставува нови стандарди. Со овој технолошки чекор продолжуваме да градиме свет со подобри можности заснован на иновации, технолошки напредок и овозможување прилики кои дигитализацијата им ги дава на сите“ изјави Костас Небис, претседател на Управата на Хрватски Телеком.

- Advertisement -

Почетокот на работата на комерцијалната 5G мрежата е резултат на активностите кои Хрватски Телеком ги започна уште во март минатата година, а предуслов за тавкиот голем чекор беше модернизацијата на мобилната мрежа.

Од Хрватски Телеком појаснија дека 5G мрежата која моментално да имплементираат почива на технологија за динамично делење на спектарот – DSS (Dynamic Spectrum Sharing), чија примена овозможува моментална употреба на постојните фреквенции за 5G. Технологијата за динамично делење на спектарот овозможува брза имплементација на 5G мрежата и ја намалува потребата за нови базни станици и локации на специфични 5G фреквенции. Ако корисниците сакаат да ја испробаат 5G мрежата, мора да имаат компатибилен мобилен уред и активирана 5G брзина во својата тарифа.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -