Минатата недела компаниите BioNTech и Pfizer објавија дека прелиминарните анализи покажале дека нивните вакцини имаат 90% ефикасност ако може да се спречи да развијат симптоми на КОВИД-193.
Во интервју за BBC, креаторот на вакцината, професорот Угур Сахин изјави дека е уверен оти вакцината ќе го намали преносот на вирусот меѓу луѓето и ќе го спречи развојот на симптоми кај луѓето. Тој додаде дека можно е вакцината да го преполови преносот на вирусот од човек на човек, што би било од големо значење.
„Сигурен сум дека преносот на вирусот меѓу луѓето ќе се намали благодарение на ефикасната вакцина. Можеби не за 90%, но за 50%, а притоа не смееме да заборавиме дури и таков процентот, може да резултира со намалено ширење на заразата“, изјави Сахин.
Професор Сaхин смета дека за повторна нормализација на животот треба да помине повеќе време.
Ако работите се одвиваат добро како и досега, вакцината би требало да почне да се дистрибуира на крајот на оваа, односно на почетокот на идната година. Целта ни е до април идната година во светот да се испорачаат над 300 милиони дози вакцини, што треба да претставува почеток на големите ефекти на вакцината врз спречувањето на ширењето на пандемијата.
(Zimo)