НАСА објави фотографии од соларни факели кои предизвикаа радиопречки на Земјата

- Advertisement -

НАСА објави фотографии од, како што велат, најмоќните соларни факели во последните шест години. Станува збор за огнен блесок на површината на Сонцето кој предизвика краток прекин на радиокомуникациите на Земјата.

Фотографиите ги прикажуваат јаките бои на феноменот познат како исфрлање коронална маса, а се направени од опсерваторијата за соларна динамика на вселенското летало лансирано во 2010 година, кое непрекинато ја следи активноста на Сонцето.

- Advertisement -

Како што тврдат од НАСА, овие факели се од X класа, односно со најголем интензитет и потенцијал да влијаат на радиокомуникациите, електричните мрежи, а се ризик и за вселенските летала и за астронаутите.

Енергијата која ја исфрлил тој огнен блесок овој четврток предизвика два часа радиопречки во некои делови од САД, а на други места и во текот на денот. Центарот за предвидување на вселенското време при Националната управа за атмосфера и океани ова го нарече неверојатен настан и веројатно еден од најголемите соларни радионастани во историјата.

- Advertisement -

Овој соларен факел е најсилниот забележан од 10 септември 2017 година, сопшти Центарот, и воедно е најмоќниот во тековниот соларен циклус на одредено растојание. Најголем дел од соларните факели од класа X кои удираат на Земјата се оденети со јачина од 1 до 9, а факелот од четвртокот е класифициран како X8.

(The Guardian)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -