До 2030 година побарувачката за нафта во светот ќе се намали за 70%

- Advertisement -

Ненадејната транзиција кон електрични возила, која ќе биде предводена од Кина, ќе го намали глобалниот раст на побарувачката за нафта за 70% до 2030 година, покажува истражувањето на консултантската компанија „Carbon Tracker“.

Според истражувањето, за 10 години Кина може да заштеди повеќе од 80 милијарди долари годишно за трошоци од увоз на нафта, благодарение на сè поконкурентните возила напојувани од нови извори на енергија.

- Advertisement -

Ројтерс известува дека истражувањето се заснова на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ), кое предвидува електричните возила да сочинуваат 40 проценти од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20 проценти од продажбата во Индија и другите пазари во развој до 2030 година

Трошоците за увоз на нафта потребна за производство на гориво за просечен автомобил е десет пати повисока од цената за набавка на соларна опрема потребна за производство на електрична енергија за напојување на електрично возило, истакнува „Carbon Tracker“ во истражувањето.

- Advertisement -

Кина сè уште не утврдила кога точно ќе забрани производство и продажба на традиционални автомобили, но неименуван службеник во автомобилската индустрија на почетокот на овој месец изјави дека новите електрични возила ќе сочинуваат половина од целата продажба на нови автомобили до 2035 година, додека остатокот ќе биде хибридни возила.

(Denar.mk)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -