Германска компанија нуди 11.000 евра за лежење во кревет 30 дена

- Advertisement -

Необична, но доста добро платена работа се нуди во Германија. Имено, Германскиот воздухопловен центар во Келн бара дванаесет мажи и дванаесет жени за истражување кое трае 60 дена. Од тие 60 дена 30 дена се одмора во кревет, а надоместот за учеството е 11.000 евра.

Но, тоа не е толку лесна заработка. Не е само лежење и одморање. Учесниците во студијата може да останат во кревет 30 дена непрекинато, а главата мора да биде во положба пониска од нозете, односно за 6 степени пониско. Тоа особено тешко им паѓа на мажите“ велат од центарот.

- Advertisement -

Студијата трае вкупно 60 дена, вклучувајќи две недели за аклиматизација и две недели дополнителна нега. Слични истражувања веќе се спроведени во Воздухопловниот центар, а се со цел да се открие кои противмерки може да се преземат против дегенеративните промени кај астронаутите. Покрај строгиот одмор во кревет, треба да се симулираат ефектите на бестежинска состојба во вселената. Учесниците мора да исполнат бројни услови. Мора да имаат од 24 до 55 години, индекс на телесна маса или BMI од 19 до 30 и да бидат високи од 153 до 192 см. Покрај тоа, апликантите треба да бидат ментално и телесно способни и здрави. Оние на кои им се битни само парите, честo не ги исполнуваат сите услови.

(Poslovni Dnevnik)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -