Како се поттикнува туризмот? Малта ќе ви плати за да ја посетите

- Advertisement -

Со цел да го поттикне туризмот после пандемијата на корона вирусот Малта минатата недела најави план за парично поттикнување на туристите кои се сместени во хотели, почнувајќи од јуни годинава.

Малтешкиот министер за туризам, Клејтон Бартоло, најави дека на сите меѓународни туристи ќе им плати до 200 евра ако останат на подолго од една ноќ. Договорот е направен за луѓето да се поттикнат да го посетат островот, каде што 27% од приходите доаѓаат од туризмот.

- Advertisement -

Туристите кои се сместени во хотели со 5 ѕвезди ќе добијат по 100 евра за секоја резервација, тие што ќе се сместат во хотели со 4 ѕвезди ќе добијат по 150 евра за резервација, додека тие што се сместат во хотел со 3 ѕвезди ќе добијат 200 евра. А тие што патуваат до малтешкиот остров Гозо ќе добијат 10% повеќе.

Бартоло изјави дека шемата е наменета за ставање на малтешките хотели во многу конкурентна позиција за повторно да се поттикне меѓународниот туризам. Иницијативата делумно ќе ја финансираат хотелите сами, а делумно малтешката влада.

- Advertisement -

Шемата е наменета за независни туристи кои нема да го резервираат патувањето преку туристичка агенција, а владата се надева дека со оваа шема ќе привлече до 35.000 луѓе. Властите се уверени дека шемата ќе функционира затоа што Малта е во добра позиција кога е корона вирусот во прашање со 42% од жителите кои се вакцинирани со една доза вакцина.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -