Кина гради паметен град со кој целосно ќе управува вештачка интелигенција

- Advertisement -

Кина развива нов паметен град кој целосно ќе биде контролиран од вештачка интелигенција. Жителите во тој град и нивните посетители ќе ги служи вештачка интелигенција, која ќе биде опремена со сензори за собирање податоци и уреди со кои ќе се собираат информации за луѓето.

Организаторите на проектот, кој го носи името Cloud Valley, велат дека градот е дизајниран да обезбеди подобар стандард на живот, додека многумина пројавија загриженост за потенцијалната инвазија на приватноста.

- Advertisement -

Данската архитектонска фирма BIG и кинеската технолошка компанија Terminus, кои ќе го изведуваат проектот, ги открија нивните планови за изградба на тој паметен град во југоисточниот дел на кинескиот град Чонгкинг минатата недела, за време на технолошката конференција Web Summit.

Тоа ќе биде исто како да живееш во село каде што кога ќе се појавиш првиот пат во селскиот бар барменот таму знае кој е твојот омилен пијалак, иако те гледа по прв пат. Кога нашата околина почнува да „чувствува“, навистина се создава една таква животна средина каде што се е поврзано. Таму вештачката интелигенција ќе знае кога доаѓаш и предвреме ќе ти ја отвори вратата од домот за да не мора да ги бараш клучевите и да отвориш“, вели основачот на BIG, Бјарке Ингелс.

- Advertisement -

Вештачката интелигенција ќе собира информации за жителите преку нивните уреди конектирани на WIFI за автоматски да може да реагира на нивните потреби. Иако планот беше откриен минатата недела, Cloud Valley, кој ќе зафаќа површина од 200 фудбалски игралишта, всушност, беше лансиран во април годинава.

„Како што светлината допира до прозорците стаклата ја прилагодуваат провидноста за да пуштат доволно светлина која ќе ги пробуди луѓето. Кога светлината ќе влезе во собата, виртуелната слугинка наречена Titan го избира појадокот, ја избира облеката за денот во зависност од временските услови надвор и ви го презентира распоредот за денот“, пишува на страницата на технолошката компанија Terminus.

- Advertisement -

Сепак, откако беше презентирана идејата се јавија критичари на проектот кои тврдат дека може да претставува сериозна закана по човечките права ако владите не воведат мерки за да го ограничат надзорот, како и да се осигураат дека тие кои што не се „технолошки писмени“ нема да бидат оштетени.

(Unilad.co.uk)

(фото: Screenshot Bjarke Ingels Group)

Сподели!
- Advertisement -