Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Pfizer

- Advertisement -

Претставници на Европската агенција за лекови објавија дека ја одобирле првата вакцина против КОВИД-19 во ЕУ. Станува збор за вакцината на Pfizer и BioNTech.

„Ја донесовме одлуката за само 11 недели, а инаку за тоа треба барем една година. Но дозволете да кажам дека иако се потуридвме да ја забрзаме одлуката, наша прва грижа беше осигурувањето дека вакцината е безбедна. Сакавме да ја донесеме вистинската одлука за Европејците. Сведоци сме на силна дебата во јаснота меѓу оние кои заговараат брзо одобрување и оние кои сметаат дека тоа е премногу брзо. Но, можеме да потврдиме дека вакцината на Pfizer/BioNTech ги исполнува строгите критериуми и има повеќе предности отколку нуспојави“ изјави Емер Кук, претседателката на Агенција.

Таа додаде дека ќе продолжат да ги контролираат податоците за вакцината за да бидат сигурни дека вакцината навистина е безбедна и во пракса.

- Advertisement -

„Јасно е дека вакцината ќе помогне, амо треба да имаме доволно доверба во неа. Ќe издаваме детални информации и јасно ќе објавуваме податоци од клиничките испитувања за припадниците на научната заедница да можат да продолжат со евалузацијата на податоците. Ова е првиот чекор. Ќе ни требаат уште вакцини за да ставиме крај на оваа пандемија. Ќе ги продолжиме разговорите со дуриг компании кои развиваат вакцини. Но, нашата работа не е готова. Треба да помине уште доста време за да ја контролираме пандемијата. Денес знаеме многу повеќе отколку на почетокот, но и понатаму има новини кои прв пат ги откриваме. Засега нема податоци дека вакцината нема да делува на новотокриените карактеристики на вирусот“ додаде претседателаката.

Како што стои во соопштението на Агенцијата, вакцната на BioNTech и Pfizer е наменета за лица постари од 16 години. Агенцијата даде условно одобрение за пласирање на пазарот, додека конечната одлука ќе ја донесе Европската комисија. Условното одобрение значи дека може да се користи, но дека наредните две години ќе биде под посебен надзор и компаниите кои ја произведуваат мора да поднесуваат дополнителни известувања и да прават испитувања.

- Advertisement -

Вакцината Comirnaty се применува во две дози на 21 ден.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -