Zoom подготува нови апликации со кои ќе им конкурира на Microsoft и на Google

- Advertisement -

Додека многу компании едвај ја преживеаја оваа година и пандемијата на корона вирусот, некои остварија неверојатен успех. Тоа првенствено се технолошки компании од чии услуги станавме зависни. Тоа се однесува најмногу на Zoom. За таа компанија и нејзиниот софтвер за видеоконференции и состаноци многумина немаа слушнато додека корона вирусот не ги затвори канцелариите и ги пресели работните места дома.

Поради вонредните околности милиони луѓе во светот почнаа да го користат Zoom, а и кога се ќе се врати во нормала многумина ќе продолжат да го користат затоа што се покажа дека во многу случаи може да ја замени работата од канцеларија и состаноците во живо. Таа неочекувана популарност сега компанијата сака да ја искористи за развој на нови производи наменети првенствено за деловните корисници.

- Advertisement -

Според информациите кои протекоа неделава плановите на Zoom вклучуваат услуги и апликации за e-mail и kalendar. E-mail сервисот, наводно, веќе е во напредна фаза од развој и официјално ќе биде претставен ан почетокот на идната година. Што се однесува на календарот, тој е во почетна фаза на планирање и уште е рано да знаеме кога можеме да го очекуваме готовиот производ.

Со развојот на новите апликации Zoom создава еден екосоистем на апликации примарно за деловните корисници со кои навлегува на територија на технолошките гиганти како Microsoft и Google.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: screenshot)

Сподели!
- Advertisement -