Intel го претстави најмоќниот гејминг процесор во светот

- Advertisement -

Intel на виртуелна конференција за саемот CES 2021 претстави нов процесор i9-11900k, кој се базира на архитектурата Rocket Lake. Овој процесор може да заврши до 19% повеќе задачи во секој работен такт. Процесорот i9-11900K има 5,3 GHz повеќе на едно јадро и до 4,8 GHz на сите 8 физички јадра.

Графичката компонента на процесорот е подобрена за 50% со имплементација на новата Xe архитектура. Процесорот сега поддржува и меморија до 3200 GHz брзина. Со новиот систем конечно би можеле да видиме и матични плочи кои го поддржуваат фамозниот USB 3.2 Gen 2×2 стандард.

- Advertisement -

Процесорите доаѓаат со нова серија 500 чипсет, што значи и нови матични плочи, но ќе бидат компатибилни и со моменталната серија 400 матични плочи. Новите процесори би требало да се најдат на пазарот во март годинава.

Идејата на Intel е едноставна – со новиот процесор да ја врати круната за најдобар гејминг процесор, барем во ценовната категорија за ентузијасти, а колку ќе успее во таа намера ќе видиме допрва.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -