Првиот центар за масовна вакцинација против корона ќе биде отворен во Дизниленд

- Advertisement -

Дизниленд во калифорнискиот округ Оринџ, кој е затворен во март поради корона вирусот, ќе стане првото место за масовна вакцинација против КОВИД-19. Тоа ќе биде првата локација за масовно вакцинирање во округот, а отворањето е најавено за крајот на неделата.

Дизниленд, кој е најголем работодавец во округот Оринџ, се понуди да стане првиот центар за масовно вакцинирање и презеде огромна задача во процесот на дистрибуција на вакцините.

- Advertisement -

Главната медицинска службеничка на Disney Parks, Памела Химел, во соопштението наведе дека од одморалиштето Дизниленд се горди што можат да му помогнат на огрукот Оринџ и на градот Анахајм така што ќе го отстапат имотот на користење.

(SEEbiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Snappy Goat)

Сподели!
- Advertisement -