Бил Гејтс објави дека се вакцинирал

- Advertisement -

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, објави дека ја примил првата доза од вакцината против корона вирусот.

„Ја примив првата доза неделава и се чувствувам одлично. И благодарам на сите научници, учесници во испитувањата, регулаторите и на здравствените работници кои не доведоа до оваа точка“ напиша Гејтс на Twitter.

- Advertisement -

Освен како сопственик на Microsoft и мета на многу теориии на заговор во врска со пандемијата на корона вирусот, Гејтс е познат како голем донатор кој инвестираше стотици милиони долари во развојот на вакцината. Во декември минатата година Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтини и подостапни вакцини против КОВИД-19.

Поединечно најголемата донација досега беше во ноември минатата година, кога брачниот пар Гејтс донираше 70 милиони долари. Со најновата донација фондацијата вкупно има донирано 1,75 милијарди долари во борбата против пандемијата.

- Advertisement -

Пред два месеци во својот подкаст Бил Гејтс ја најави можноста за избивање на нова пандемија, што беше ветер во грбот на многу теоретичари на заговор кои во Гејтс гледаат еден од главните виновници за корона кризата.

(SEEBiz)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -