Светскиот пазар на паметни телефони во 2020 година со 1,3 милијарди испорачани смартфони паднал за 6% во однос на 2019 година, додека во четвртио квартал лани пораснал за 4,3%. Тоа е импресивен замав кон можно поголемо закрепнување, објави корпорацијата IDC.
Иако целата 2020 година пазарот на пазарот за паметни телефони на глобално ниво донесе пад од 6% поради пандемијата, на крајот на 2020 година, поттикнат најмнаогу од резултатите на Applea, може да снзчи почеток на закрепнувањето на пазарот во 2021 година. За тоа би можело да придонесе заостанатата побарувачка, јакнењето на 5G понудата, агресивната промоција и популарноста на телефоните со пониски и средни цени.
Се смета дека доставувачите на крајот на минатата година подобро се подготвиле за второт заклучување, обезбедувајќи ги каналите за навремена испорака до крајните потрошувачи, кои поради ограничувањето на движењето и другите мерки помалку трошат на забавни активности, патувања и слично, а од паметните телефони имаа многу корист и во новите околности.
Од вкупно испорачани 386 илиони паметни телефони во четвртио квартал од 2020 година, според податоците на IDC, најголем дел или 90,1 милиони се на Apple. Од IDC велат дека тоа е и најголем обем на испорака на доставувач во едно тримесечја, што на Apple му го донесе и најголемиот пазарне удел од 23,4%.
Samsung во 2020 година премина на второ место со 19,1% пазарен удел и 73,9 милиони испорачани паметни телефони или 6,2% повеќе отколку во 2019 година. Xiaomi е на трето место со 43,3 милиони испорачани смартфони во четвртиот квартал од 2020 година.
Oppo е на четврто место, а Huawei падна на петто место,
(Zimo)
(фото: Pixy.org)