Индија до 2030 година ќе ги претрка САД

- Advertisement -

До 2030 година седум од топ десет најголеми светски економски сили ќе бидат од пазари во развој. Според најновата анализа на лондонската мултинационална банкарска и финансиска компанија Standard Chartered, за 11 години отсега целосно ќе се промени светскиот економски поредок.

Според долгорочните проекции, Индија веројатно ќе стане поголема сила од САД, додека соседна Кина, како што се наведува во извештајот, до 2020 година, ќе ја украде круната од САД, најмоќната светска економска сила. Истовремено, Индонезија може да се приклучи на топ пет економии во светот.

- Advertisement -

Во извештајот се наведува дека стареењето на населението ќе има значително влијание на глобалниот раст. Меѓутоа, во Индија, која моментално се наоѓа на шесто место во светот, таа појава нема да има големо влијание – речиси половина од населението во Индија е помладо од 25 години.

Standard Chartered истакнува дека Индија ќе мора да отвори околу 100 милиони нови работни места во производствениот и услужниот сектор за да ги задоволи потребите на побарувачката за вработување.

Сподели!
- Advertisement -