iPhone ќе можете да го отклучите и со маска на лице

- Advertisement -

Apple работи на надградба на iOS која ќе овозможи отклучување на iPhone преку Face ID дури и ако носите заштитна маска. Face ID, системот за препознавање лице за отклучување на iPhone, во текот на пандемијата на корона вирусот стана речиси неупотреблив доколку сте се придржувале до мерките за заштита. На пример, ако сакавте да купите нешто онлајн преку Apple Pay моравте да внесувате лозинка, затоа што телефонот не можеше да ве препознае ако носите маска.

Apple сега сака да го реши тоа со развој на систем за препознавање на делови од лицето, што значи дека во надградбата iOS 14.5 Face ID треба да може да препознае лице со делумно скенирање, но во тоа постои една финта. Имено, надградениот Face ID ќе мора да биде спарен со Apple Watch паметен часовник, кој ќе има улога на двофакторска автентификација, па кога ќе се отклучи iPhone со вибрирање дава повратни информации.

- Advertisement -

Покрај тоа, некои функционалности ќе бидат ограничени, па на пример, нема да можете да купувате апликации во Apple Store со користење на Apple Pay доколку не овозможите скенирање на целото лице, што значи дека повторно ќе мора да ја тргнете маската.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -