Компаративно истражување покажа дека антителата создадени после вакцинирање со руските вакцини Sputnik V и EpiVacCoronа штитат и од британскиот сој на корона вирусот, објави агенцијата за заѓтита на потрошувачите Роспотребнадзор.
Засега не се спроведени истражувања дали тоа важи и за јужноафриканскиот сој. Германскиот институт Роберт Кох за контрола на зарази објави дека уште нема докази дека вакцините се помалку делотворни против британскиот сој на вирусот, кој се шири и во Германија.
Експертите веруваат дека некои вакцини сепак се помалку ефикасни против муѕтацијата од Јужноафриканската Република.
Sputnjik V постои на рускиот пазар веќе шест месеци и се користи во повеќеод 15 држави, а EpiVacCorona нема да влезе во употреба до март.
Европската агенција за лекови уште ја нема одобрено рускат вакцина, но тоа го направи унгарската државна агенција минатиот месец, па Унгарија стана првата земја-членка на ЕУ која ја користи вакцината Sputnjik V.
(Zimo)
(фото: Freepik)