10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Што прави светот? Истражи го новото лице на феминизмот

Истражи го новото лице на феминизмот

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Претставена од Анџелина Џоли, мајка, жена, слободна, дарежлива, посветена,
Mon Guerlain е почит на денешната женственост.

Женственост…

Еден од најскапоцените и најмистериозните зборови во јазикот. Суптилна,
неостварлива и посакувана, женственост која фасцинира и буди. По некои
правила е кревка, но во реалноста претставува, неверојатна сила бидејќи е
извор на живот, на потекло.

Познато е дека жените имаат многу различни страни. Повеќестрана женственост
која е горда и еманципирана, но сепак нежна, никогаш не се предава,
верувајќи во своите соништа.

Само еден парфем е потребен за да ја раскаже оваа приказна.

Деликатно цветање

Свежа и нежна интерпретација инспирирана од цвет кој се капе во утринска
роса.

„За овој состав сакавме да се фокусираме на цветниот аспект и да го
обликуваме како букет со бели цветови, зголемувајќи го присуството на
растението Самбак Јасмин, кој е составен дел од идентитетот на Mon Guerlain“
– вели Delphine Jelk кој го создаде парфемот заедно со мајсторот за парфеми,
Thierry Wasser.

“Сончевиот, продорен и великодушен аспект на женственоста е изразен преку
поголемото присуство на јасминот“ – додава Thierry Wasser.

Јасмин

Оваа исклучителна сурова состојка која се користи во големи количини е начин
преку кој се изразува креаторот на парфемот, што особено доаѓа до израз
благодарение на комбинацијата на лаванда и ванила, која се чувствува во Mon
Guerlain.
Шишето на парфемот е дизајнирано од Gabriel Guerlain, а создадено од
компанијата Baccarat во 1908 година. Го следи легендарниот мирис низ
годините и се етаблира како шише икона со потписот на Guerlain, на тој начин
инспирирајќи многу уметници и дизајнери да го реинтерпретираат низ нивните
креации.

Рационализиран, графички воздржан, тој е инспириран од шише на алхемичар, од
каде доаѓа и името “quadrilobé”. Формата продолжува до неговиот затворач
издлабен од цврст блок за да се добие форма со четири агли. Комбинира
контрасти изразени со силата на затегнатите линии и со сензуалноста на
кривините, предизвикува силна, слободна и сензуална женственост.

За 190 години, пет генерации на Guerlain парфимери(креатори на парфем), се
составен дел од историјата на брендот. За 190 години, ја истражувале
планетата во потрага по ретки и скапоцени сурови состојки, измислувајќи
храбри нови соединенија и создавајќи над 1.100 мириси…

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •