Азески: Учеството на образованието во Буџетот да се зголеми од 3,5 на 5 проценти!

- Advertisement -

Учеството на образованието во државниот буџет да се зголеми од 3,5 отсто на 5 проценти, предлага претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Во неговата денешна анализа објавена на интернет страницата на Комората, Азески нагласува дека и да не беше КОВИД-пандемијата, недостигот од стручен клучен ќе останеше најголемиот проблем на компаниите.

Азески укажува на потребата од креирање релевантна уписна политика според потребите на компаниите на локално и регионално ниво, модернизирање на стручното образование и обука преку  идентификување на потребите на компаниите, квалитетна реализација на практичната обука и зајакнување на социјалниот дијалог.

- Advertisement -

-Сето ова што го зборуваме не може да се реализира ако една влада не е подготвена на радикален чекор, а тој чекор е многу едноставен – учеството на образованието во буџетот од 3,5 да се зголеми на 5 отсто сега и веднаш, се разбира, во мандат од четири години, секоја година по 0,30 отсто, но однапред декларирано и без измени, наведува Азески.

Според него, сите зборуваме дека сакаме да живееме во развиена и богата држава, но клучот за економски развој на земјата се вложувањата во квалитетно образование. Тоа значи зголемување на финансиските средства што ќе одат за образование.

- Advertisement -

-И доколку не беше пандемијата, клучен проблем за реалниот сектор и натаму ќe беше недостигот од стручен кадар со релевантни вештини и компетенции, кој би можел веднаш да се вклучи во работните процеси на компаниите. Тоа е и причина Стопанската комора сериозно да го третира сегментот образование и да продолжи со претходно почнатите активности, кои од почетокот на 2021 година се однесуваат на изготвување нов закон за стручно образование и обука, како и на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ за унапредување на стручното образование и обука и за креирање уписна политика по мерка на бизнис-заедницата, наведува Азески.

Тој потсетува и на последната анализа која покажа дека 85 отсто од фирмите се подготвени да примат ученици за практична настава. мч/скс/

Сподели!
- Advertisement -