Компанијата Samsung во Ирска стартува услуга на достава на уредите од семејството на Galaxy. Некои купувачи на Samsung на домашна адреса ќе ги добијат купените уреди Galaxy,а ќе им ги достави дрон. За таа цел Samsung се здружи со компанијата Manna Drone Delivery за на Ирците да им понуди достава со дронови. Моментално услугата вклучува достава на смартфоните Galaxy S21 Ultra, Galaxy A серијата, слушалките Galaxy Buds Pro, таблетот Galaxy Tab S7 и паметниот часовникGalaxy Watch 3. Нарачките може да се направат преку страницата на Samsung во Ирска, но доставата со дрон моментално ограничена само на градот Онтарио.
Manna користи модифицирани дронови кои можат да летаат на висина од 50 и 80 метри и да достигнат брзина до 60 km/h. Тоа е сосема доволно за купувачите во Онтарио да ја добијат нарачката после само 3 минути откако ќе го напушти диспечерскиот центар. Компанијата Manna работи и со други компании како што а Tesco, како и со локални бизниси со цел достава на продукти, книги и лекови.
(фото: Klix.ba)
(фото: Samsung Newsroom)