Русите почнаа со производство на третата вакцина пред да завршат клиничките тестирања

- Advertisement -

Русија почна да ја произведува CoviVac, својата трета вакцина против КОВИД-19. Иако третата фаза од испитувањето уште е во тек, наскоро вакцината ќе биде на располагање за употреба.

Најпознатата руска вакцина против корона вирусот е Sputnjik V, а Москва даде итно одобрение за уште две вакцини – EpiVacCorona и CoviVac.

- Advertisement -

Третата руска вакцина ќе се појави во нашите региони во текот на идните денови, изјавија од руското Министерство за наука и високо образование.

Центарот Чумаков планира да произведе до 10 милиони дози годишно, соопшти Министерството.

- Advertisement -

Министерот за наука, Валери Фалков, изјави дека почнала третата фаза од испитувањето на вакцината. Директорот на центарот Чумаков, пак, рече дека сите фази од испитувањето ќе завршат во рок од половина година.

(Interfax)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -