Google и Renault заедно ќе прават софтвер за паметни автомобили

- Advertisement -

Денешните возила се преполни со нова технологија и се почесто ги нарекуваат компјутери на тркала. Тоа е така затоа што се повеќе технолошки компании како Google, Foxconn или Xiaomi влегуваат на тој пазар со сопствена технологија или со развој на сопствени автомобили. Исто така, технолошките компании со години наназад потпишуваа различни партнерства за развој на технологија и софтвер за возила.

Така, Google пред четири години потпиша партнерство со здружение во кое се наоѓаат познати автомобилски компании како Renault, Nissan и Mitsubishi, а сега најавија нова соработка со Renault. Таа соработка вклучува развој на напредна софтверска платформа која треба да ги движи идните возила, а треба да биде направена на оперативниот систем на Google, Android Automotive. Освен за Renault, платформата ќе биде развиена и за други автомобили кои ги покрива овој француски бренд – Daciа, Alpine и Mobilize.

- Advertisement -

Во склоп на партнерството овие компании ќе го користат облакот на Google, на кој ќе стојат собраните податоци за процесирање. Google и Renault сакаат да направат дигитален близнак на автомобилот, односно виртуелна верзија на возилата која ќе користи напредни опции од вештачка интелигенција за поедноставна и континуирана интеграција со новите сервиси во возилата и развој на апликации кои ќе се користат и внатре и надвор од автомобилите.

Во виртуелна средина компаниите ќе го тестираат софтверот и новите опции и ќе помогнат во фунцкионирањето на возилата со дијагностика во реално време, па врз база на тоа, самиот автомобил ќе треба да го предупреди возачот на потреба од некакво одржување на возилото и во зависност од ситуацијата, ќе може дури и сам да го реши проблемот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -